Магазин 06. август 2019. / 10:21

Познат е клубот кој сака да го купи Пауло Дибала за 60 милиони евра

Познат е клубот кој сака да го купи Пауло Дибала за 60 милиони евра

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, може да замине во Пари Сен-Жермен. Шампионот на Франција понуди 60 милиони евра за аргентинскиот фудбалер, пренесуваат тамошните медиуми.

Сепак за да се реализира овој трансфер ќе треба да се согласи и играчот кој досега изјавуваше дека би сакал да остане во Јувентус. Претходно беше објавено дека Манчестер јунајтед е заинтересиран за услугите на 25-годишниот Дибала.