Магазин 28. август 2020. / 20:40

Познат е датумот кога НБА лигата ќе продолжи

Познат е датумот кога НБА лигата ќе продолжи

По состанокот меѓу кошаркарите и сопствениците на клубовите во НБА договорено е плеј-офот од најсилното кошаркарско првенство во светот да продолжи в сабота.

Вчера имавме искрен, емотивен и продуктивен разговор меѓу кошаркарите, тренерите и сопствениците на тимовите околу следните чекори во заедничката борба за социјална правда и расна еднаквост. На состанокот присуствуваа претставници на сите 13 тимови кои се уште се во Орландо. Сите страни се согласија плеј-офот да продолжи на 29. август. Исто така договорени се и три цели кои ќе помогнат во борбата за социјалната правда, стои во соопштението.

За потсетување. НБА лигата одлучи да ги одложи сите плеј-оф натпревари откако кошаркарите на Милвоки го бојкотираа петтиот натпревар од плеј-оф серијата против Орландо, како протест поради полициската бруталност во САД.