Магазин 01. март 2021. / 09:59

Повторно расте цената на биткоинот

Повторно расте цената на биткоинот

По вчерашниот пад повторно раст на цената на биоткоинот. Тој падна на најниската вредност по 20 дена, а во последните 24 часа забележува повторно пораст на 46.228 долари, пишува „пари„.

Вчерашната вредност на биткоин е за 3,7 отсто пониска од вредноста при затворањето на берзите во петокот и достигна 44.408 долари. Најголемата и најпозната криптовалута во светот поскапе за 70 отсто од почетокот на годината досега и достигна рекордна вредност во своето постоење од скоро 60.000 долари.