Учениците од основното и средното училиште во Богданци викендов беа вклучени во акцијата за пошумување, во која покрај нив учествуваа и физички и правни лица од населеното место.
Пошумувањето беше извршено на територијата меѓу четвртата и петтата ветерница во месноста викана „Ранковец” и покрај патот што води кон депонијата во Богданци.
Во акцијата, што беше успешно спроведена, беа употребени вкупно 3.000 садници од кои 2.000 садници приморски бор и 1.000 садници чемпрес.
Организатор на акцијата беше Општина Богданци во соработка со подружницата на Шумското стопанство „Кожуф” од Гевгелија.