Магазин 17. јануари 2020. / 11:13

Повеќе од 20.000 жени сакаат да му прават друштво на јапонскиот милијардер на патувањето на Месечината

Повеќе од 20.000 жени сакаат да му прават друштво на јапонскиот милијардер на патувањето на Месечината

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава во понеделникот објави дека бара придружничка на неговото туристичко патување на Месечината, но и воопшто – во животот. На огласот досега се пријавиле над 20.000 жени.

– Полека ме обземаат чувствa на осаменост и празнина. Затоа, постојано размислувам за едно нешто: Сакам да сакам една жена, напиша Маезава на својата интернет-страница, додавајќи дека не би било никаков проблем ако кандидатката не знае јапонски јазик.

Маезава (44) е првиот добитник на билети за туристичко патување до Месечината, кое го организира Спејс-Икс и е закажано за 2023 година. Познат е и по тоа што пред минатата седмица преку Твитер на своите следачи им подели девет милиона долари.

– Сакам да најдам животна партнерка и од Вселената да испратам порака за нашата љубов и мир во светот, нагласи Јапонецот.

Тој е основач на најголемиот јапонски трговски синџир за облека – Зозо. Неговиот вкупен имот се проценува на две милијарди долари.