Повеќе од 2.500 луѓе се најдоа на нелегално организирана забава во Франција, додека земјата продолжува да се бори против коронавирусот, објави БиБиСи во саботата.
Забавата, која се одржува во магацин во Лиерон во близина на Рен во Бретања, започна во четвртокот и се уште трае. Голем број од учесниците се од Велика Британија и Шпанија, соопшти полицијата.
Гостите се судриле со полицијата, запалиле автомобил и фрлале предмети кон полицајците кои се обидувале да го прекинат настанот. Најмалку тројца полицајци се повредени.
Во соопштението на локалните власти се вели дека полицијата се обидела „да го спречи овој настан, но дека се соочила со жесток отпор од учесниците на забавата“.
Голем дел од луѓето на забавата спиеле кратко во своите автомобили, пред да се вратат на подиумот, пренесува Ле Монд.
Некои учесници изјавиле дека имаат намера да останат до недела, додека други дека се надеваат дека ќе останат до вторник. Нема физичка дистанца на забавата, изјавиле некои од нив.
Доцна во петокот, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин одржа кризен состанок за да разговара за настанот.
Франција воведе строги правила на новогодишната ноќ, вклучително и полициски час од 20 до 18 часот. Франција регистрирала повеќе од 2,6 милиони случаи на коронавируси и 64.892 смртни случаи од почетокот на пандемијата.