Потрагата по исчезнатиот авион во кој бил фудбалерот Емилијано Сала ќе започне утре, откако временските услови се подобрија.
Официјалната потреба за авионот е откажана на 24 јануари, бидејќи беше оценето дека минимални се шансите за преживување, откако семејството собра средства за приватна потрага.
Научникот Дејвид Мирнс, кој управува со приватниот фонд за потреба во име на семсјството на Сала, рекол дека временските услови утре ќе бидат поволни да се започне со барањето на авионот.
Мирнс рекол дека потрагата се одвива во блиска соработка со Агенцијата за истрага за авионски несреќи.
Тој кажа дека авионот ќе го бараат два брода кои ќе ја пребаруваат областа северно од градот Гарнсиј.
Авионот во кој бил фудбалерот и пилотот Дејвид Иботсон исчезна од радарите над Ламанш на 21 јануари, по поаѓањето од Нант кон Кардиф.