Пандемијата на корона вирусот, што особено ја погоди Шпанија, не го одмина ни фудбалскиот клуб Барселона.
Како што пишува весникот „Мундо Депортиво“, потпретседателот на клубот, Жорди Кардонер е позитивен на вирусот и се наоѓа во болница.
Кардонер е третиот член на клубот позитивен на корона вирусот, откако претходно заразени беа и докторите Рамано Канал и Жозеп Антони Гутиерез.
Како што пишува весникот, сите тројца се наоѓаат во стабилна состојба и се без поголеми здравствени проблеми.