Стар патнички авион Ербас А330 намерно беше потопен кај северозападниот брег на Турција за да привлече туристи за нуркање.
Авионот со должина од 65 метри бил потопен 30 метри длабоко во Егејското Море во пристаништето Ибрис во Едрене. Локалните власти се надеваат дека областа наскоро ќе стане рај за нуркачите. Се верува дека е најголемиот авион во светот кој е намерно потонат.