Магазин 25. февруари 2021. / 11:46

Потомок на фамилијата Тесла: Усташите убија дури 91 член на фамилијата на Никола Тесла!

Потомок на фамилијата Тесла: Усташите убија дури 91 член на фамилијата на Никола Тесла!

Усташите во Независна држава Хрватска во 1941 година убиле дури 91 припадник на фамилијата на Никола Тесла, тврди еден од последниците потомци на Тесла, Лазар Косановиќ.

Косановиќ рекол дека многу членови на фамилијата на Тесла за време на Втората светска војна загинале во усташкиот логор Јесеновац.

– Накратко, 91 потомок страдал од раката на усташите. Усташите упаднале во Смилјане на втори август 1941 година и ја запалиле црквата каде работел таткото на Тесла, па дури ја запалиле и куќата на Тесла, вели за „ТВ Хепи“ Лазар Косановиќ.

Тој додаде дека некои членови на семејството на Тесла биле носени и во логорот Јесеновец.

– Во Смилјан денес не само што нема ниеден член на фамилијата Тесла, туку нема ни еден Србин, вели Косановиќ кој е маж на најмладата сестра на Никола Тесла.