Според експертите, коронавирусот се појавува во шест различни верзии. Новите откритија, според авторот на студијата, Клер Стивс од „Кингс колеџ во Лондон“, ќе помогнат во понатамошната пракса за време на вториот бран на епидемијата, пренесе Блиц жена.
Студијата утврдила на кои пациенти ќе им биде потребна хоспитализација уште на самиот почеток на откривањето на болеста или кои пацинети ќе се третираат со респиратор. Раното откривање на ризиците ќе помогне да се спасат човечки животи.
Повеќе од 45.000 луѓе починале во Велика Британија како резултат на инфекција со коронавирусот, а најновата студија дава увид во тоа како лекарите ќе ги третираат пациентите во иднина.
Научниците велат дека пациентите според праксата развиле цел спектар на симптоми – од главоболки, болки во мускулите, слабост и чувство на несигурност и конфузија. Истражувањата покажале дека коронавирусот се јавува во шест различни форми.
Како грип, но нема температура
Инфицираните луѓе во оваа група имаат главоболки, губење на чувството за мирис и вкус, болка во мускулите, кашлица, црвено грло, болка во градите, но нема треска.
Како грип, но со треска
Пациентите во оваа група ги имаат истите симптоми како и во претходната со треска и губат апетит.
Гастроентеролошки вирус
Пациентите во оваа група ќе имаат симптоми како што се главоболка, губење на чувството за мирис и вкус, губење на апетит, дијареја, црвено грло, болка во градите, без кашлање.
Тешко заболување ниво 1 – слабост
Покрај главоболка, губење на сетилата и мирисот, проблеми со апетитот, дијареја, црвено грло, постои симптом на болка во градите, без кашлица.
Тешко заболување ниво 2 – конфузија
Истите симптоми како и во претходните групи, проследени со слабост, несвестица, болка во мускулите и чувство на конфузија.
Тешко заболување ниво 3 – проблеми со абдоменот и респираторни проблеми
Во најтешка форма, покрај сите горенаведени симптоми, се појавуваат и скратен здив, силна болка во абдоменот, висока температура и интензивна кашлица.
Научниците велат дека главоболката е еден од доминантните симптоми на ковид-19. Меѓу другото, Кинг Колеџ наведува дека осипот на кожата се појавува како еден од доминантните симптоми на инфекцијата.