Новак Ѓоковиќ не дошол на прес-конференцијата по пласманот во финалето на Мастерсот во Синсинати.
Тој имал болка во стомакот за време на мечот со Роберт Баутиста Агут, а имал и проблеми со вратот, а неговата состојба се влошила по натпреварот.
Сепак, тој успеа да го совлада Шпанецот во тежок дуел и да се бори за својата 35-та титула на Мастерс турнирите, иако неколку пати добил медицинска помош за време на мечот.
Организаторите објасниле дека лекарскиот тим на турнирот го советувал да не доаѓа на прес-конференција поради неговата влошена состојба.
Ѓоковиќ само на теренот, веднаш по крајот, го прокоментирал натпреварот и како се чувствува поради споменатите проблеми.
Српскиот тенисер денеска (сабота) ќе го игра финалето против Милош Раониќ, во меч кој нема да започне пред 7 часот попладне.