Магазин 30. август 2020. / 16:27

Послание на Генералниот секретар на Светската академија на поезијата при УНЕСКО за СВП

Послание на Генералниот секретар на Светската академија на поезијата при УНЕСКО за СВП

Генералниот секретар на Светската академија на поезијата, при УНЕСКО, д-р Лаура Троиси спречена, поради откажаните летови,  во неможност лично да присуствува на Струшките вечери на поезијата, испрати свое Послание.

Обраќајќи му се на директорот Тодорче Тасевски, Д-р Троиси, во име на институцијата и почесниот претседател Мохамед Надир Азиза, упати честитки и го поздрави одржувањето на 59-от Меѓународен фестивал на поезијата „Струшки вечери на поезијата”.

Ви честитам, Вам и на вашиот тим, за напорите да го одржите Фестивалот, и покрај специфичните услови со ограничувањата, како и за успешната подготовка на овој важен настан” – порачува д-р Троиси.

Со овој, пред сè, корисен чин, продолжувате со континуитетот на еден од најважните собири на поетите во светот, признат од УНЕСКО и другите институции за заштита на светското и европското културно наследство. „Струшките вечери на поезијата”, со нивниот концепт и намери, одамна не се само препознатлив културен феномен, промоција на културата и јазикот, условно кажано, на малите нации, туку и траен мост на пријателство и соработка на луѓето без предрасуди и ограничувања. Заедно со просторот во кој се одржуваат, богатото историско и културно наследство, „Струшките вечери на поезијата” се најдобриот амбасадор на културата, гостопримството и креативниот дух на македонскиот народ. Упатувам најдобри желби за целосен успех на фестивалот, порача д-р Троиси.