Магазин 11. декември 2019. / 17:52

Поранешен кошаркарски репрезентативец ги претепал сопругата и ќерката

Поранешен кошаркарски репрезентативец ги претепал сопругата и ќерката

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија, Милан Гуровиќ е приведен синоќа во полициска станица поради обвинение дека извршил семејно насилство. Според информациите кои доаѓаат од соседна Србија, Гуровиќ во семејниот стан во Белград физички ги нападнал сопругата Тања и 16-годишната ќерка Милица.

Кошаркарот по инцидентот изјавил дека веќе подолг период сака да се разведе од сопругата, но таа не сака развод.На Гуровиќ му е одреден 48-часовен притвор.

Информациите се дека нему и порано му биле одредувани превентивни мерки – имал забрана за пристап и контактирање со сопругата и ќерката, а не смеел ниту да се доближи до станот.

Според информациите на српски „Блиц“, неговата сопруга во полиција раскажала дека Милан ја удрил со тупаница во глава, а од ударот таа паднала на земја, по што тој продолжил да ја тепа. Информациите се дека во целата случка се вмешала и ќерката која сакала да ја заштити мајка си, но и таа настрадала.