Магазин 05. јануари 2020. / 23:14

Поранешен фудбалер на Челси за малку ќе го убиел Роман Абрамович!

Поранешен фудбалер на Челси за малку ќе го убиел Роман Абрамович!

Британските медиуми пишуваат за веста која се појави во денешниот број на таблоидот „Мирор“, во која Пат Невин откри дека малку недостасувало за да го убие рускиот тајкун и сопственик на премиерлигашот Челси, Роман Абрамович.

Сето ова се случило пред неколку години кога поранешниот шкотски фудбалер за малку ќе го прегазел рускиот бизнисмен додека возел велосипед.

За време на интервјуто за радио станица „Би-Би-Си“, Невин откри дека со полна брзина ќе удрел во еден од најбогатите Руси, кој не го препознал од стресот, но исто така добро се познавале до претходно.

Возев по северната страна на Аран (остров во Шкотска). Секој пат кога бев таму, возев преку целиот остров. Само што свртев на еден остар свиок, за малку ќе прегазев еден човек со велосипед. Во последен момент излетав од патот, бидејќи ако не го напраев тоа – ќе го убиев. Тоа беше Роман Абрамович. Каква приказна ќе беше ако го убиев Абрамович… Неговата јахта беше на брегот, а тој си вртеше кругови со својот велосипед, истакна Невин.

Невин е добро познат кај навивачите на Челси, бидејќи запиша близу 200 настапи за овој клуб помеѓу 1983 и 1988 година и постигна 36 голови. Потоа се пресели во Евертон, а пред да се врати во својата татковина Шкотска, играше за Транмере Роверс.

ИЗВОР: СПОРТ1