Магазин 05. август 2020. / 11:11

Поради врнежите можно слевање вода во урбаните средини и излевање на помалите реки

Поради врнежите можно слевање вода во урбаните средини и излевање на помалите реки

Поради интензивните врнежи во изминатиот периот, но и најавените поројни врнежи во наредните денови, можно е слевање вода во градските урбани средини,иако, засега нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, предупредуваат од УХМР.

Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата – велат од УХМР.

Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.

Поради тоа, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава – информира УХМР.