Магазин 04. октомври 2020. / 17:00

Поради работи на патот Кичево-Охрид задутре периодични прекини на сообраќајот кај Врбјани

Поради работи на патот Кичево-Охрид задутре периодични прекини на сообраќајот кај Врбјани

На патниот правец Кичево – Охрид кај село Врбјани задутре (вторник) поради работи на пат (минирање) во период помеѓу 12 и 15 часот, сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.