Поради ширењето на смртоносниот коронавирус голем број спортски настани ширум Европа и Кина или се одложени или се под посебни мерки, а на претпазливост повикаа и од НБА лигата.
Челните лица на најсилното кошаркарско натпреварување на светот вчера донесе одлука со која им „забрани“ на кошаркарите да не се ракуваат меѓусебе, ниту пак со фановите и да не делат автограми.
Здравјето на нашите играчи и на навивачите ни е на прво место. Во соработка со клубовите донесовме некои мерки кои се надеваме дека кошаркарите и навивачите ќе ги почитуваат, се вели во соопштението.