Магазин 13. март 2020. / 12:00

Поради коронавирусот одложени се сите натпревари во Лигата на шампиони

Поради коронавирусот одложени се сите натпревари во Лигата на шампиони

Европската фудбалска федерација одлучи да ги одложи сите останати натпревари од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите и во Европа лигата поради ситуацијата со коронавирусот.

Засега е непознато кога елитниот фудбал ќе се врати на програмата, но потврдено е дека и предвидените термини за четвртфиналните пресметки во двете натпреварувања исто така се одложени.