Магазин 18. декември 2020. / 16:08

Пол Макартни ќе се вакцинира против коронавирус

Пол Макартни ќе се вакцинира против коронавирус

Легендата на „Битлси“, Сер Пол Макартни, изјави дека сака да прими вакцина против коронавирус, објави британски “Сан“, додавајќи дека тој е меѓу првите глобални суперѕвезди кои решија да се вакцинираат.

Макартни, кој е на 78-годишна возраст, е во третата група–луѓе над 75 години– со право на вакцинација. Музичарот верува дека вакцината ѝ нуди на Велика Британија излез од несреќата и мракот на ковид-пандемијата.

-Вакцината ќе не извлече од ова. Мислам дека ќе ја поминеме оваа здравствена криза, и вакцината е одлична вест . Ќе ја примам веднаш штом ќе ми дозволат, изјави Макартни претходно во интервју за „Сан“.

Велика Британија почна со вакцинирање против коронавирус на 8-ми декември. Први на ред беа лицата над 80 години. Вакцинирањето не е задолжително.