Магазин 25. декември 2019. / 22:30

Погба како божиќен подарок за Манчестер Јунајтед

Погба како божиќен подарок за Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изјави дека, според него, Пол Погба е најдобриот фудбалер од средниот ред на светот и најави дека Французинот ќе биде дел од стартната постава и ќе биде носител на играта на дуелот против Њукасл, на „Боксинг деј“.

– Ајде прво да видиме како ќе реагира, како ќе се чувствува. Тој настапи многу добро по неговото влегување во игра тој ден. Веројатно ќе почнеме со него во стартните 11, бидејќи тоа ќе ја зголеми нашата сила во нападот – изјави Солскјер.

Во претходниот натпревар на „Црвените ѓаволи“ против Ватфорд, Погба беше резерва, а влезе во игра во 64 минута, што беше негов прв настап од септември, од кога паузираше поради повреда на глуждот.