Почнувајќи од утре доцна попладне и навечер па во текот на следните денови, нашата територија повторно ќе биде под влијание на циклонот МАРКО кој ќе условува почести врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините, овие врнежи ќе условат и понатаму снежната покривка да се зголемува, анализира метеорологот Славчо Поповски.
Повремно услови за врнежи од дожд и снег има понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Исто така утре ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во текот на следниот период повторно на некои места се очекува да наврне позначително количество на воден талог, и тоа над 30 л/м2.
Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 1- степени.
Инаку денешното утро најстудено беше во Тетово каде се измерени -11 степени, во Скопје температурата на воздухот се спушти на -10 степени.