Во ноември 2016. година се случи голема трагедија кога авионот кој ги превезуваше играчите на Шапекоенсе се урна.
Тоа беше несреќа во која загинаа 71 од 77 лица кои беа во тој авион, вклучително и 19 играчи на Шапекоенсе.
Рафаел Хензел, кој го преживеа падот на авионот на Шапекоенсе, за жал почина на 45 години откако претрпе срцев удар додека играл фудбал.
Хензел, угледен спортски новинар и коментатор, бил еден од шесте патници кои го преживеаја падот на авионот во 2016. година, која ги однесе животите на 71 лице.
„Глобо Еспорте“ објави дека Хензел се срушил играјќи фудбал во градот Шапеко на југот на земјата, а докторите не успеале да направат ништо откако пристигнал во болница.