На 69 годишна возраст, како последица на рак, почина поранешниот тапанар на култната група Кјур, Енди Андерсон.
Веста за смртта на Андерсон на Фејсбук ја објави неговиот поранешен колега, Лол Толхарст.
– Со тажно срце морам да известам дека почина еден од браќата Кјур. Енди Андерсон беше вистински џентлмен и одличен музичар со страшна смисла за хумор, што ја задржа до самиот крај. Благословени сме што го познаваме. – напиша Толхарст.
Андерсон беше член на Кјур од 1984 до 1985 , а премина во бендот кога Толхарст од тапани се префрли да свири на клавијатура.