Магазин 10. март 2020. / 11:28

Почина српскиот актер Десимир Станојевиќ од „Среќни луѓе“

Почина српскиот актер Десимир Станојевиќ од „Среќни луѓе“

Српскиот актер Десимир Станојевиќ почина утринава во 69. година од животот во својот стан во Белград, јави „Блиц“. Веста ја потврди неговиот пријател и продуцент Оливер Пауновиќ.

Станојевиќ е роден на 7 октомври 1950 година во Ниш.

Играл во Народениот театар во Ниш од 1970 до 1990, а од 1991 година беше член на ансамблот на Театар на Теразије.

На широката публика најмногу и е познат по улогата на Вукашин Голубовиќ во серијата „Среќни луѓе“.