Магазин 16. февруари 2019. / 17:34

Почина славниот актер кој доби награда на „Манаки“

Почина славниот актер кој доби награда на „Манаки“

Швајцарскиот актер Бруно Ганц, еден од најпознатите европски актери на сите времиња, почина вчера на 77-годишна возраст во Цирих. Ганц подолго време боледуваше од рак.

Тој беше меѓу најистакнатите актери од германското говорно подрачје, со долга и разновидна листа на улоги, а меѓународната репутација ја стекна глумејќи во „Падот“, но и со главната улога во „Небото над Берлин“. Играше Фауст, паднат ангел, па дури и Адолф Хитлер.

„Имам тенденција да се идентификувам со моите улоги до тој степен што се чини дека сум целосно убеден во одредени реплики“ изјавил Ганц.

На македонската јавност Ганц ѝ е познат по улогата во филмот „Сведок“ на Митко Панов.

Актерот во 2015 година беше награден со „Камера 300“ на битолскиот фестивал „Манаки“.