Магазин 25. јануари 2019. / 18:21

Почина познат македонски актер

Почина познат македонски актер

По кратко и тешко боледување на 74 годишна возраст почина актерот Славко Нинов.

Целиот работен век Нинов го помина во МНТ, несебично вложувајќи се и на сцената и во раководењето на театарот.

Нинов ќе остане запаметен и по извонредните интерпретации на стихови од македонските поети: Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков и др. Погребот на Славко Нинов ќе се одржи утре во 13 часот на гробиштата во Бутел, соопштија од МНТ.