Магазин 22. август 2020. / 12:34

Почина поранешниот гитарист на „Ред хот чили пеперс“

Почина поранешниот гитарист на „Ред хот чили пеперс“

Музичарот Џек Шерман, кој својата популарноста ја стекна како гитарист во бендот „Ред хот чили пеперс“ почина денеска на 64 годишна возраст.

Причината за смртта на талентираниот гитарист засега не е позната. Поранешните колеги од бендот се огласија по повод неговото заминување.

-Му благодариме за сето време кое го помина со нас, добро, лошо и она помеѓу, напишаа членовите на „Ред хот чили пеперс“.

Шерман свиреше на деби албумот на бендот во 1983 година како замена за нивниот тогаш водечки гитарист Хајлел Словак. По заминувањето од „Red hot chili peppers“ станал баран гитарист и свирел во многу бендови кон крајот на осумдесетите и почеток на деведесетите.