Eден од основачите и гитарист на познатата рок група „Флитвуд Мек“, Питер Грин, почина на 73-годишна возраст.
Семејството на Питер Грин со голема тага известува дека тој почина во текот на викендот, мирно во сон. Останатите детали ќе бидат објавени наредните денови – се наведува во соопштението за медиумите.
Грин во 1967 година заедно со тапанарот Мајк Флитвуд ја основаа групата „Флитвуд Мек“, а во 1970 година Питер ја напушти групата бидејќи имал психички проблеми.
Подоцна е откриено дека боледувал од шизофренија, па извесно време се лекуваше во психијатриска болница.
Питер Грин се врати на сцената со новиот состав „Питер Грин сплинтер груп“.