Магазин 10. декември 2019. / 13:50

Почина пејачката на „Роксет“, цели 17 години се борела со тешка болест

Почина пејачката на „Роксет“, цели 17 години се борела со тешка болест

Мари Фредриксон, пејачката на славниот шведски поп-рок бенд „Роксет“ почина на 61-годишна возраст.

Како што пренесуваат странските медиуми, пејачката починала во понеделникот по долга и тешка болест.

– Со голема тага мора да ве информираме дека една од нашите најголеми и најомилени уметнички повеќе ја нема. Мари Фредриксон умре на 9 декември по долга болест, напишало семејството во соопштението.

Мари, која зад себе ги остави сопругот и двете деца, претходно се лекуваше од тумор на мозокот.

Ќе остане запаметена по хитовите „It must have been love“, „Joyride“, „The look“, „Listen to your heart“ и други.