Канадскиот актер Кристофер Пламер, кој глумеше во филмовите „The Sound of Music“ и „Beginners“, почина на 91 година во неговиот дом во Конектикат.
Пламер во 2012 година ја доби престижната награа „Оскар“ за споредната улога во филмот „Beginners“, станувајќи најстариот актер што некогаш добил „Оскар“ за споредна улога.
-Крис беше извонреден човек кој длабоко ја сакаше и почитуваше својата професија со одлични старомодни манири, самоомаловажувачки хумор и музика на зборови, рече Лу Пит, неговиот долгогодишен пријател и менаџер.
-Тој беше национално богатство и длабоко ги уживаше своите канадски корени. Преку својата уметност и хуманост, тој ги допре сите наши срце и неговиот легендарен живот ќе трае за сите генерации што доаѓаат. Засекогаш ќе биде со нас, додаде тој.
Кристофер Пламер имаше долга и фалена кариера на сцената, со две „Tony Awards“. Во филмовите беше познат по улоги во „The Insider“, „12 Monkeys“, „Star Trek VI: The Undiscovered Country“ и „A Beautiful Mind“. Својот глас го позајми во анимираните филмови „Up“, „An American Tale“ и тв-серијата „Madeline“.