Една од последните преостанати sвезди од Златното доба на Холивуд, Оливија де Хавиланд, почина на 104-годишна возраст.
Кариерата на Де Хавиланд траеше повеќе од 50 години и брои скоро 50 долгометражни филмови, а таа беше последната преживеана ѕвезда од „Gone with the Wind“ (1939).
Оливија Мери де Хавиленд е родена во Токио во 1916 година, подоцна со семејството се преселила во Калифорнија. Де Хавиланд, живееше во Париз од 1960 година. Во 2010 година, францускиот претседател Никола Саркози и додели „Орден за легија на честа“.
Таа исто така имала незгодна врска со нејзината сестра, колешка актерка, Џоан Фонтен.
Според првичните информации, актерката починала во сон во нејзиниот дом во Париз.