Магазин 19. јануари 2020. / 16:26

Почина најнискиот човек на светот

Почина најнискиот човек на светот

Непалецот Кагендра Тапа Магар, официјално најниската личност во светот која што може да оди, почина од пневмонија на 28-годишна возраст.

Кагендра беше висок 67,08 сантиметри, а во Гинисовата книга на рекорди се вели дека малиот раст не го спречил да го живее животот што го посакувал.

Крег Глендеј, уредник на Гинисовата книга на рекорди, рече дека е „ужасно тажен“.

„Неговата насмевка беше толку заразна што ги стопи срцата на сите што го запознаа“, рече Глендеј.

„Не се сметам за мал. Јас сум голем човек. Се надевам дека титулата ќе ми овозможи да го докажам тоа и да му помогнам на моето семејство убав дом“, рече Кагендра на негиовиот 18 роденден кога официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како најниската личност на светот која што може да оди.

Гинисовата книга на рекорди има две категории за најниските луѓе – мобилни и неподвижни. Филипинецот Балавинг, кој не може да оди, е висок 59,93 инчи.

Кагендра „му ја предаде титулата“ на сонародникот Чандра Бахадур Данги, висок само 54,6 инчи, но ја поврати во 2015 година по смртта на Данги.