Магазин 19. февруари 2019. / 13:26

Почина модната икона Карл Лагерфелд

Почина модната икона Карл Лагерфелд

Едно од најзначајните имиња во модната индустрија германскиот креатор Карл Лагерфелд, почина на 85/годишна возраст во Париз, објави францускиот магазин „Клосер“.

Тој имал здравствени проблеми во изминатите недели, поради што пропушти неколку големи модни настани.

Лагерфелд ја почнал кариерата како асистент на Пјер Балмен во 1955 година, за подоцна да му се придружи на „Шанел“ во 1983 и потоа стана негов креативен директор, останувајќи активен во светот на модата до својата смрт.

Освен за „Шанел“, тој дизајнираше колекции и за својот истоимен бренд, што го почна во 1984 година, како и за модната куќа „Фенди“.