Во САД на 87-годишна возраст, од рак почина Литл Ричард, пејач, пијанист и композитор.
Неговото крстено име е Ричард Вејн Пениман.
Синот на музичарот, Дени Пениман ја потврди информацијата за смртта на неговиот татко.
Литл Ричард се смета за еден од оснавчите на рокенролот. Се здоби со светска слава по неколку синглови како „Tutti Frutti“, „Long Tall Sally“, „She’s Got It“ издадени во 1950-те години. Песните се препеани од многу музичари и артисти како Елвис Присли.
Пејачот е ставен во Холот на рокенрол славата во 1986 година и беше еден од првите кој го доби ова признание.
2020-05-09 17:25:36, од Борис Кам