Магазин 09. април 2020. / 09:57

Почина Линда Трип, жената која ја откри врската на Бил Клинтон со Моника Левински

Почина Линда Трип, жената која ја откри врската на Бил Клинтон со Моника Левински

На 71-годишна возраст почина Линда Трип, жената која ја откри љубовната врска меѓу поранешниот американски претседател Бил Клинтон со стажантката во Белата куќа, Моника Левински, пишува „Њујорк пост“.

Трип работеше во Пентагон и во Белата куќа.

Во 1998 година таа откри дека тогашниот претседател Бил Клинтон има врска со една од стажантките во Белата Куќа, Моника Левински. Тоа доведе до покренување процедура за импичмент, што заврши неуспешно.

Во тој период Левински и Трип биле блиски соработнички  и Моника и раскажувала за нејзините односи со претседателот Клинтон. Трип ги запишувала разговорите и подоцна ги предала на адвокат од каде протекуваат во јавноста.

Според блиските на Трип, таа не починала од корона вирусот, туку од друго заболување.