Во својот дом, во 95. година од животот починал Борислав Бора Станковиќ, светската кошаркарска легенда, српски играч и тренер, како и функционер на ФИБА во времето кога кошарката доживеа вистинска експанзија.
Станковиќ, како играч беше шампион на Југославија со Црвена звезда. За националната репрезентација одигра 36 натпревари во периодот од 1948 до 1953 година, а учествуваше и на Светското првенство во 1950 година во Аргентина. Токму тој е првиот кошаркар што постигнал поени за Југославија на едно светско кошаркарско првенство.
Како тренер на ОКК Београд освои четири, а со италијански Отрансод една титула во државното првенство.
Во Кошаркарскиот сојуз на Југослабија, од 1954 година најпрво беше претседател на натпреварувачката комисија, а потоа цела деценија (1956-1966) и генерален секретар.
Функцијата генерален секретар на ФИБА ја извршуваше од 1967 до 2002 година, а од 1978 година е член на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Од 1991 година е член на кошаркарската Куќа на славните.