Магазин 13. May 2019. / 15:59

Почина легендарната холивудска актерка

Почина легендарната холивудска актерка

Холивудската легенда Дорис Деј почина на 97. години. Таа беше американска актерка и пејачка и отворен активист за правата на животните од нејзиното повлекување од шоу-бизнисот.

Таа при смртта била опкружена со блиските луѓе, а починала од компликации од пневмонија.

Таа се здоби со слава во 50-те и 60-те, а се прослави со филмовите „Pillow Talk”, „Love Me or Leave Me” and „The Man Who Knew Too Much”. Се има појавено во повеќе од 39 филмови, има снимано повеќе од 650 песни, номинирана е за Оскар, добитник е на Златен Глобус и Греми, и во 1989 години ја добива наградата Cecil B. DeMille за животно остварување во филмската уметност.

Се мажеше 4 пати, а има едно дете.