Со жалење соопштуваме дека денес почина Илија Филиповски, роден 1941 година во Галичник.
Илија Филиповски во два наврати беше потпретседател на Извршниот совет на РМ, министер за економија во Владата на РМ, два пати избран пратеник во Собранието на РМ, приватен стопанственик и претседател на Месната заедница Галичник, функција со која најмногу се гордееше, стои во Фејсбук статусот на профилот МЗ Галичник/MZ Galichnik.
– Неговиот придонес за Галичник е голем и претставува наш долг, но и завет за продолжување на неговото дело и зачувување на неговиот лик како почитувана и ценета личност. Погребот ќе се одржи утре во 12 часот на Градските гробишта Бутел. Вечна му слава, се вели во објавата.
Со жалење соопштуваме дека денес почина Илија Филиповски, роден 1941 година во Галичник.
Илија Филиповски во два…
Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Thursday, February 4, 2021