Магазин 11. мај 2020. / 15:09

Почина фудбалер на Аталанта од мозочен удар!

Почина фудбалер на Аталанта од мозочен удар!

Младиот Андреа Риналди не успеал да се извлече од тешката ситуација, денеска информираа медиумите во Италија дека починал.

Фудбалерот на Аталанта, кој играше сезонава на позајмица во Легнано, тим од ниските првенства во Италија, починал во болницата во Варезе.

Риналди неодамна беше примен во болницата поради мозочен удар или анеуризма, па по неколкудневната битка, го загубил животот.

„Го носеше дресот на Аталанта 13 години. Секогаш беше позитивен и насмеан, тој негов дух и насмевка секогаш ќе останат во срцата на сите оние кои го познаваа“, стои во соопштението на клубот од Бергамо