Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Реал Мадрид, Гојо Бенито, почина денес на 73-годишна возраст.
Поранешниот дефанзивец го носешем дресот на Реал Мадрид помеѓу 1969 година и 1982 година, носејќи го 420 пати дресот на „кралскиот“ клуб.
Гојо подигна 11 трофеи со „кралевите“ – шест титули во Примера и пет во Купот. Тој со шпанската репрезентација учествуваше на два Мундијали и две Европски првенства.
Шпанските медиуми пренесуваат дека поранешниот играч на Реал долги години водел битка со Алцхајмеровата болест.