Магазин 29. август 2020. / 13:39

Почина ѕвездата на „Black Panther“ Чедвик Боузман

Почина ѕвездата на „Black Panther“ Чедвик Боузман

Светот денеска се збогува со американскиот актер Чедвик Боузван, најпознат по улогата на Блек Пантер во истоимениот блокбастер на Марвел.

Актерот почина вчера во 43-та година од животот од рак на дебелото црево, дијагнoстициран пред четири години, но тој јавно никогаш не зборувал за неговата борба.

Семејството ви благодари за вашата љубов и молитви и замолува да се почитува нивната приватност во овој тежок период, се вели во официјалното соопштение до јавноста.

Покрај неговата најпрепознатлива улога на суперхеројот и лидер на африканската нација Ваканда во филмот „Black Panther” кој освои три Оскари, Боузван оствари уште низа значајни улоги. Го гледавме и во биографските остварувања: како Џејмс Браун за фанк легендата и во улога на бејзбол играчот Џеки Робинсон.