Докторот Предраг Лалевиќ, хирург и анестезиолог, кој со Јосип Броз Тито бил на 106 патувања во странство и кој на 4 мај 1980 година го исклучил од апарати, почина во Белград на 92 години, пишуваат српските медиуми.
Тито умрел на 4 мај, во 15 часот и 5 минути, а на респиратор бил последните 68 дена од неговиот живот. Храна добивал преку инфузија. Докторот Предраг Лалевиќ го тргнал од апаратите кои го одржувале во живот.
Инаку Лалевиќ запишал медицина во 1945 година. Положил специјалистички испит и во Копенхаген и во Белград. Тој 16 години го прател Тито низ светот.