Магазин 20. јуни 2020. / 09:53

Почина Димитар Ќорнаков, историчар на уметност од првата генерација истражувачи на средновековната уметност

Почина Димитар Ќорнаков, историчар на уметност од првата генерација истражувачи на средновековната уметност
Историчарот на уметноста и публицист, проф. д-р Димитар Ќорнаков (роден 1927 год.во с.Стојаково, Богданци), почина на18 јуни 2020 год. во 93-тата година од животот.
Тој е припадник на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност.
Автор е на голем број монографски книги, меѓу кои: „Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 век“; „Македонска резба“; „Македонски манастири“; „Резбарски центри во Македонија“; „Полошки манастир“; „Соборните храмови во Македонија“; „Царски двери“; „Слимнички манастир“; „Копаничарот Димитар Станишев од Крушево“; „Копаничарот Макариј од Галичник“; „Цркви и манастири во Тиквешијата“.

Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Свети Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на Град Скопје.

Повеќе од 35 години работел во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата како историчар на уметноста, додека последните години од работниот стаж работел во Институтот за старословенска култура во Прилеп.
Бил повеќегодишен директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, а како стипендист на италијанската влада бил на специјализација во Рим, во Централниот институт за реставрација, во 1962 и 1963 година.
Темелно го проучува творештвото на мијачките резбари (копаничари) во црквите и манастирите на Балканскиот Полуостров.

Учествувал на повеќе конгреси и симпозиуми во земјата и странство. Автор е на монографските книги: Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18. Век“, Македонска резба, Македонски манастири, Резбарски центри во Македонија, Полошки манастир, Соборните храмови во Македонија, Царски двери, Слимнички манастир, Копаничарот Димитар Станишев од Крушево, Копаничарот Макариј од Галичник, Цркви и манастири во Тиквешијата и други.

Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои и на наградите „Св. Климент Охридски“ за животно дело од областа на културата и „13 Ноември“ на Град Скопје.