Магазин 04. јануари 2021. / 11:56

Почина девојката на Бонд, Тања Робертс

Почина девојката на Бонд, Тања Робертс

Актерката и модел Тања Робертс, девојката на Бонд во филмот „Поглед кон убиството“ и мајката на Дона во серијата „Луди 70-ти“, почина ненадејно на 66-годишна возраст.

-Тања се сруши на под по прошетката со кучињата во нејзиниот дом во Калифорнија на Бадник, изјави нејзиниот претставник Мајк Пинел за „Холивуд репортер“.

Тања била хоспитализирана, но ја загубила битката за својот живот.

Причината за смртта сè уште не е позната.

Освен што глумеше во филмот Џејмс Бонд, кој тогаш го играше Роџер Мур, Тања и е позната на јавноста и по улогата на мајка на Дона во серијата „Луди 70-ти“.

Таа позираше за Плејбој и се појави во бројни реклами.

Тања немаше деца, а зад себе ги остави сопругот Ленс Обрајен и сестрата Барбара Чејс.