Познатиот француски цртачн на стрипови, Албер Удерзо, ко-креатор на познатиот галски цртан јунак Астерикс, почина денеска во 93 година од животот.
– Албер Удерзо почина во сон во својот дом во Неиј од срцев удар кој не е поврзан со корона вирусот. Беше премногу исцрпен во последните неколку недели, изјави неговиот зет Бернар Де Шоази за Франс прес.
Гениалниот но скромен цртач со својот колега Рене Гошини, кој почина во 1977 година, го осмислија стрип-романот за Астерикс пред шест децении.
Првично Астерикс е направен со цел Франција да се одбрани од наездата на американски стрипови. Стана светски бренд со повеќе од 380 милиони продадени албуми во 111 земји ширум светот.
Ликот е преточен и во филмски верзии, цртани филмови, се појавува во забавни паркови, во облик на играчки, видео игри.
Откако се повлече, албумите со авантурите на Астерикс и неговиот пријател Обеликс го цртаат други уметници, верни на стилот на Удерзо.