Магазин 23. јануари 2021. / 16:43

Почина американската ТВ легенда Лери Кинг

Почина американската ТВ легенда Лери Кинг

Најверојатно од Ковид 19 во 87 година од животот почина славниот телевизиски водиле Лари Кинг.

Според американските медиуми Кинг беше еден од најпознатите луѓе во историјата на телевизијата. Лоренс Харви Цејгер, познат како Лари Кинг, легендарниот тв и радио водител почина утрово во медицинските центар во Лос Анџелес.

Се уште официјално не се познати причините за смртта, но познато е дека Лари Кинг пред неколку недели бил болен од корона вирусот. Кинг беше познат што во својата 60-годишна телевизиска кариера направи илјадници интервјуа на претседатели, светски лидери и славни, како и секојдневни луѓе. Добитник е на неколку врвни ТВ награди, како и една ЕМИ награда.