Магазин 22. јануари 2020. / 09:09

По студеното утро, денот ќе биде сончев

По студеното утро, денот ќе биде сончев

Времето утрово е ведро и студено. Во Дебарско има појава на магла.

Во текот на денот ќе биде сончево, попладне со умерена до значителна облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје е сончево, а попладне ќе има умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 Целзиусови степени.

Утринава најстудено е во Берово, -11 Целзиусови степени, а максимални два Целзиусови степена се измерени во Дојран.

Според УХМР, утринава -8 беше во Скопје Петровец, Штип и Кривас Паланка, -7 во Тетово, Битола, Струмица, Дебар, Демир Капија и Маврови Анови, -6 во Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Охрид, -5 во Претор и Куманово, -4 во Лазарополе, -3 во Гевгелија и нула Целзиусови степени се измерени во Крушево.

Висината на снежната покривка до 7 часот е 12 сантиметри во Маврови Анови, четири на Попова Шапка и два сантиметра во Крушево.