Магазин 09. февруари 2020. / 22:16

По само пет дена брак сопругот ја оставил Памела Андерсон преку порака

По само пет дена брак сопругот ја оставил Памела Андерсон преку порака

Веста дека Памела Андерсон се разведува од режисерот Џон Питерс по само 12 дена брак, изненади многумина.

Памела (52) и Питерс (74), наводно, поминале само пет дена заедно како младенци, пред Џон да го прекине бракот преку порака, пренесе  „Us Weekly“.

Андерсон по објавата на веста се огласи неколку пати, а со новиот пост кажа се што и лежеше на срце.

– Само сакав да се омажам еднаш … Зарем не го сакаме сите тоа? Имам прекрасно семејство. Јас сум добра мајка … Јас едноставно не сум одлична сопруга – не можете да имате сè. Јас не сум лесна сопруга – напиша Памела на „Инстаграм“.