Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. По одделни котлините претпладне ќе има појава на магла.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до нула степени Целзиусови, а максималната од три до 13 степени Целзиусови.
Утре претпладне ќе биде облачно и магловито, во текот на денот се очекува намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. По одделни котлините претпладне со појава на магла.
Минималната температура ќе се движи од минус шест до еден степен Целзиусов, а максималната од пет до 12 степени Целзиусови.
Во наредните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на магла. Минималната температура ќе биде ци интервал од минус четири до два степена, а максималната од три до 9 степени Целзиусови.